Macedonian

Multilingual Telephone Line Video

Домашни миленици и други животни - Pets

Read on +
Домашни миленици и други животни

П. Како да ја пријавам мојата мачка или куче?

О. Сите мачки и кучиња постари од 3 месеци мора да бидат пријавени. Ве молиме јавете се во Општината на (03) 8470 8888 за да добиете Формулар за пријавување животно (Animal Registration Form), или пак симнете примерок од формуларот од Дозволи за чување животни миленици, формулари и поднесување барања

За пријавување на животно се плаќа годишна такса, меѓутоа лицата што имаат пензионерска картичка може да добијат попуст. Откако ќе го пријавите вашето животно, ќе ви биде дадена плочка што тоа ќе треба постојано да ја носи. Ако се загуби вашиот миленик, по плочката ќе може лесно да биде препознаен и на тој начин ќе се осигура дека безбедно ќе ви биде вратен.

Симнете Формулар за дозвола за чување животно миленик од Дозволи за чување животни миленици, формулари и поднесување барања

П. Кучето/мачката ми избега, што да направам?

О. Сите кучиња и мачки што ќе бидат затекнати како талкаат по улиците на територијата на општина Даребин може да бидат прибрани и однесени во Прифатилиште за загубени кучиња. Може да се јавите во Прифатилиштето за загубени кучиња на 9329 2755 за да проверите дали вашето куче или мачка било однесено таму.

Сите животни однесени во прифатилиштето мора да бидат пријавени пред да се земат од таму, а ќе биде наплатена и такса за нивното пуштање.

П. Каде можам да го шетам моето куче одврзано во Даребин?

О. Има голем број паркови во Даребин каде што кучето може да го шетате одврзано. Погледнете во Животни миленици во парковите за да најдете список на паркови во кои е дозволено кучињата да бидат одврзани.

П. Каде да се јавам за да пријавам кучиња што не се врзани на јавни места?

О. Јавете се во Општината на 03 8470 8888 за да побарате службеник што ќе го испита случајот.

П. Каде да се јавам ако видам болно или повредено диво животно?

О. Општината може да им укаже грижа само на болни или повредени мачки и кучиња. Јавете се во Службата за помош на диви животни (Wildlife Assistance) на 1300 094 535 ако наидете на било какво повредено диво животно.

П. Што презема Општината во врска со постојаната врева што ја прават кучињата што многу лаат и петлите што кукурикаат многу рано?

О. Ако ви пречи вревата што ја прават кучиња што лаат или петли што кукурикаат, јавете се во Општината на (03) 8470 8888 за да поднесете поплака. Службеник на Општината ќе го посети имотот и ќе ја испита работата. Службеникот ќе поразговара со сопственикот на животните за да се обиде да ја прекине вревата. Подробностите за поплаките се чуваат строго доверливо.

Животна средина, одржливо живеење, штедење енергија и пари - Environment

Read on +
Животна средина, одржливо живеење, штедење енергија и пари

П. Може ли да добијам некакви попусти што ќе ми помогнат да ги платам сметките за енергија?

 О. На домаќинствата што имаат картичка за попусти, владата на Викторија им дава поголем број попусти за плаќање на сметките за струја и за гас. На пример, има попуст од 17,5% во текот на целата година за сметките за струја, и попуст од 17,5% за сметките за природен гас во текот на зимскиот период. Попусти исто така може да добиете и ако страдате од некоја болест што е чувствителна на топлина. Ве молиме јавете се во вашата компанија што ве снабдува со енергија за да договорите попустот автоматски да се одбива од вашата сметка за енергија. Немојте да се јавувате во Општината затоа што ние не ги договараме тие работи.

П. Што можам да сторам за да ги намалам моите сметки за енергија и загадувањето со јаглерод?

 A. Може да сторите многу работи што нема да ве чинат ништо или ќе ве чинат евтино. Еве ги петнаесетте најдобри совети на општина Даребин што ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на енергија во вашиот дом и да заштедите пари на вашите сметки за енергија. Во просек, домаќинствата плаќаат околу 25 центи по еден киловат-час за електрична енергија. Тој износ беше употребен за да се пресметаат зашедите во следните примери:

Електрични апарати

1. Исклучете го вториот фрижидер или замрзнувач. Дури и ако е мал, електричната енергија што ја троши може да ве чини од $104 до $260 годишноi. Можете многу да заштедите ако го исклучите вториот фрижидер што ви служи за пијалаци во текот на неделата или меѓу забавите, или пак можеби ќе одлучите дека тој воопшто не ви е потребен.

2. Сушете ги алиштата природно. Користењето на машината за сушење алишта чини околу 75 центи за секое вклучувањеi. Место тоа, алиштата можете да ги исушите бесплатно на решетка за сушење или на јаже за сушење алишта

3. Исклучете го телевизорот кога не го користите. Ако имате голем стар плазма телевизор, неговото работење може да чини 10 центи на час. Најштедливите нови модели трошат околу 2 центи на час. Ако само слушате, обидете се да пуштите радио место телевизор.

4. Намалете го непотребното користење на електричните апарати. Изгаснете ги светилките кога излегувате од просторијата подолго од 10 минути. Тврдите подови може да ги метете место да ги чистите со правосмукалка.

5. Купувајте електрични апарати со висока ознака за штедење на енергија на налепницата. Колку повеќе ѕвездички има, толку повеќе пари заштедувате. Проверете на налепницата колкава е точно потрошувачката на енергија за да ги споредите трошоците за работење на апаратот.

Топла вода

6. Туширајте се пократко време. Поставете туш што штеди вода и трудете се вашето туширање да биде пократко од 4 минути

7. Перете ги алиштата во студена вода место во жешка и ќе можете да заштедите $90 годишно.

8. Загревајте ја водата само до 60°C. Проверете го термостатот на вашиот бојлер за вода, затоа што загревањето на водата над таа температура е залудно трошење

Греење и ладење

9. Поставете ги термостатите на греењето на најниската температура што ви е пријатна. Температурата од 18°C до 20°C им е пријатна на повеќето луѓе ако носат џемпер или домашен фустан и ако се покријат со ќебе кога седат на каучот. Секој 1°C пониска температура заштедува 10% од трошоците што ги прави вашето греење[i].

10. Спречете го провевот во вашиот дом. Провевот е заслужен дури за 25% губење на топлината од домот во зима[i]. Ако можете да ја спречите топлината да бега надвор, тоа ќе има големо влијание врз енергијата и парите што можете да ги заштедите на сметките. 11. Користете ефикасно греење. Користете греење на природен гас со висока ознака за штедење на енергија. Таквото греење е многу подобро од греењето на струја затоа што нивното работење е многу поевтино и помалку загадува (LP).

12. Користете ефикасно ладење. Користете вентилатор или разладувач на вода место клима-уред, затоа што тие користат многу помалку енергија. Ако имате клима-уред, поставете ја температурата на 26°C или повеќе во лето. За секој 1 степен покачување на вашиот термостат, може да заштедите околу 10% на трошоците за работењеiii.

13. Грејте ги само просториите што ги користите. Затворете ги отворите за проветрување и вратите во просториите што ретко ги користите за да го намалите губењето на енергијата за греење.

14. Поставете изолација на таванот со R-вредност од најмалку 3,5. Изолацијата на таванот може да заштеди до 45% од трошоците за греењеiii

15. Покријте ги прозорците. Поставете дебели завеси што добро налегнуваат, римски ролетни или ролетни што имаат форма на медено саќе, зашто тие го задржуваат студениот воздух кај прозорецот и немаат процепи низ кои студениот воздух ќе влегува во вашиот дом. Поставувањето на маска врз корнизата на прозорецот исто така може да помогне да се намалат губењето на топлината и влегувањето на студен воздух внатре (LP). Ако живеете под кирија или ако не можете да си дозволите да купите завеси, обидете се место тоа да користите ќебиња

Цифрите што се дадени овде се само приближна проценка. Вистинските заштеди ќе зависат од тоа колку често ги користите електричните апарати, од тоа какви се ефикасноста и големината на секој одделен електричен апарат, како и од тоа колку ве чини електричната енергија. Овие информации беа обновени во јули 2012 г.

П. Може ли Општината да даде повеќе совети или поддршка во врска со штедењето на енергија и намалувањето на сметките за струја и за гас, во врска со добивањето топла вода со помош на сончевата енергија, со плочите за собирање на сончевата енергија, или со климатските промени?

О. Да. Општината и други организации имаат изработено книшки на вашиот јазик во кои се објаснуваат начините како може да ја намалите потрошувачката на енергија, да го намалите загадувањето и да заштедите на вашите сметки за струја и гас.

На местото на интернет на Програмата за одржливи домови и заедници (Sustainable Homes and Communities Program) може да се најдат материјалите Talking My Language (Го зборуваме вашиот јазик) и други материјали што може да ги користат културно и јазично различните заедници. Притиснете овде за да видите

Низа разновидни повеќејазични материјали за заштита на животната средина исто така може да се најдат и на местото на интернет на организацијата за заштита на животната средина Environment Victoria: http://www.environmentvictoria.org.au/translations

За натамошна помош на други јазици освен на англиски, ве молиме јавете се на Повеќејазичната телефонска линија на Општината и побарајте да зборувате со Отсекот за заштита на животната средина (Environment area) на (03) 8470 8405 

Паркирање - Parking

Read on +
Паркирање – Дозволи за паркирање за станари, Дозволи за паркирање за онеспособени лица, Казни
П. Кој има право да добие Дозвола за паркирање за станари?

О. Дозвола за паркирање за станари може да добие секое лице што постојано живее на улица (меѓу две раскрсници) каде што паркирањето е временски ограничено (на пример, дозволено е паркирање 2 часа), или во Зона за паркирање со дозвола надвор од неговиот имот. Сите дозволи истекуваат секоја година на 28 февруари.

П. Колку дозволи може да имам?

О. Жителите што живеат во Зоната А, што ги опфаќа сите живеалишта покрај определени трговски подрачја имаа право само на една трајно доделена дозвола. 
Жителите што живеат во Зоната Б, што ги опфаќа подрачјата каде што има голема побарувачка за паркинг места, имаат право на две (2) дозволи. Тие може да бидат било каква комбинација од налепници за станари или од преносливи дозволи. 

Домаќинствата што имаат пристап до паркинг места надвор од улицата или што немаат кола имаат право на една дозвола.
П. Може ли да добијам времени дозволи за зaнаетчии или за гости?

О. Станарите може да добијат времени дозволи по цена од $30.00 за период од најмногу четири (4) недели. Дозволите важат за занаетчии што работат кај жителот заради извршување на поситни работи во неговиот објект, или за гостите што доаѓаат на посета, при што тие може да ги паркираат возилата независно од тоа што паркирањето е временски ограничено или само со дозвола.


П. Кој има право да добие Дозвола за паркирање за онеспособени лица?

О. Секое лице што постојано живее во општина Даребин и за кое неговиот лекар или друг медицински специјалист смета дека има значителна онеспособеност има право да поднесе барање за Дозвола за паркирање за онеспособени лица.
П. Колку чини дозволата?

О. Дозволите за паркирање за онеспособени лица се издаваат бесплатно
П. Какви видови на дозволи има?

1) Дозвола за паркирање за онеспособени лица: Прва категорија

Ви овозможува да паркирате возило на паркинг место резервирано само за онеспособени возачи, само во наведеното време, или да паркирате возило на било кое обично подрачје или паркинг место двапати подолго од наведеното време (откако ќе ја платите првичната такса за паркирање, ако има таква).

2) Дозвола за паркирање за онеспособени лица: Втора категорија

Носителите на дозвола од втора категорија на кои им е потребно запирање заради одмор додека одат пеш може да паркираат возило на било кое обично подрачје или на паркинг место двапати подолго од наведеното време (откако ќе ја платат првичната такса за паркирање, ако има таква).
П. Што ако ја загубам мојата дозвола или ако ми ја украдат?

О. Ако вашата дозвола е загубена или украдена, тоа треба веднаш да го пријавите во општина Даребин на формулар за изјава (ѕtatutory declaration form). Откако ќе биде примена изјавата, на носителот на дозволата ќе му биде издадена нова дозвола.

П. Зошто добив белешка за погрешно паркирање?

О.  Може да добиете белешка за погрешно паркирање поради разни причини, на пример, ако сте предолго паркирани на едно место, или ако сте паркирани во зона каде што смеете да се паркирате само со дозвола, а немате дозвола. Белешка за погрешно паркирање исто така може да добиете и ако паркирате на тревниот појас покрај улицата или ако го препречите тротоарот со вашето возило. Инспекторот за паркирање може да ви ја даде белешката за погрешно паркирање лично на рака, да ја остави на ветробранот на вашата кола, или да ви ја прати по пошта на вашата домашна адреса.

П. Како да ја платам белешката за погрешно паркирање?

ПО ТЕЛЕФОН:
Јавете се на 1300 954 297 за да платите со картичка MasterCard или Visa и внесете го бројот на вашата белешка за паркирање

ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ:
Појдете на   www.darebin.vic.gov.au  за да платите со картичка MasterCard или Visa и внесете го бројот на вашата белешка за паркирање

ЛИЧНО ВО: Било кој Центар за услуги на клиентите во Даребин


ПО ПОШТА НА: 
На чекот или на платниот налог треба да наведете дека примател на парите е општина Даребин (City of Darebin) и да го пратите по пошта на следната адреса 
City of Darebin
Traffic Services
PO Box 91,
Preston 3072

За задоцнето плаќање може да ви биде наплатена дополнителна такса.

П. Кој е должен да ја плати белешката за погрешно паркирање?

О. За плаќање на белешката за погрешно паркирање е одговорен сопственикот на чие име е регистрирано возилото или оној што го возел возилото во времето кога е направен прекршокот. Сопственикот на возилото е должен да го именува возачот на возилото за да ја избегне обврската сам да ја плати казната.

Општински услуги за заедницата – Услуги за децата и семејствата во Даребин - Children and Family services

Read on +
Општински услуги за заедницата – Услуги за децата и семејствата во Даребин

П: Какви услуги дава Општината за семејствата и децата во Даребин?

О. Општината дава низа разновидни услуги. Имињата и контактните поединости за сите тие услуги се прикажани на плакатот.

П: Како да дознаам кои можности за згрижување на деца постојат во Даребин?

О. Информации за Медицинската сестра за здравјето на мајките и децата (Maternal and Child Health Services) во Даребин може да се добијат на www.darebin.vic.gov.au (барајте под „здравјето на мајките и децата“ -  ‘maternal and child health’) или телефонирајте на (03) 8470 8298

П: Каде може да изнајмам бебешко автомобилско седиште?

О. Почнувајќи од јули 2012 г., жителите на Даребин ќе се снабдуваат со бебешки автомобилски седишта од страна на специјално ангажирана дoговорена компанија. Персоналот на таа компанија ќе ги поставува седиштата кај вас дома или на работа. Телефонирајте директно на (03) 9317 3050 или во Општинската служба за потрошувачи (Council Customer Service) на (03) 8470 8888

П: Каде да најдам информации за услугите за вакцинирање:

О. Вакцинациите за тековната година се наведени тука на www.darebin.vic.gov.au/immunisation

П. Што е тоа згрижување на деца?

О. Центрите за згрижување на деца во Даребин нудат згрижување на деца од претшколска возраст со цело или со делумно работно време. Високо квалификуваниот персонал нуди безбедно и позитивно опкружување за учење кое обезбедува задоволување на потребите на децата. Некои центри исто така нудат и забавишни програми што ги финансира државата.

П: Како да дознаам кои можности за згрижување на деца постојат во Даребин?

О. Информации може да се добијат на www.darebin.vic.gov.au/childcare вклучувајќи го и молбениот формулар за Центрите за згрижување на деца со кои управува заедницата (Community Managed Childcare Centres).

На ова место на интернет исто така можете да ги најдете и приватните центрите за згрижување на деца.

 П. Како да поднесам молба за место во забавиште во Даребин?

О. Молбени формулари може да се добијат од www.darebin.vic.gov.au/kindergarten.

П. Каде се наоѓа библиотеката за играчки во Даребин и кога е отворена библиотеката?

О. Библиотеката за играчки во Даребин (Darebin Toy Library) може да ја користите на повеќе различни места и во повеќе различни времиња.

Тие се:

  • Среда: 9.30 - 12.00 часот во Thornbury - 8A Newcastle Street, Thornbury
  • Петок: 9.30 - 12.00 часот во Reservoir Community and Learning Centre - 23 Edwardes Street, Reservoir
  • Сабота: 9.30 – 12 часот во 8A Newcastle Street, Thornbury

П. Како да го запишам моето дете во Програма за (училишен) распуст?

О: Формулари за запишување може да се добијат преку интернет од www.darebin.vic.gov.au/holidayprogram

 

ЛОКАЛНИ ЗАКОНИ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ ВО ДАРЕБИН - Local Laws

Read on +
ЛОКАЛНИ ЗАКОНИ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ ВО ДАРЕБИН

П. Со кои работи се занимава Одделението за услуги во врска со локалните закони при општина Даребин?

О. Одделението за услуги во врска со локалните закони при општина Даребин се занимава со пријавите или барањата во врска со прописите за паркирање, напуштените возила, пречките на улиците, незаконското палење оган, опасностите од пожар, и фрлањето отпадоци.

Општината не може да се справи со сите проблематични работи во Даребин. Таквите што треба да бидат упатени до други органи на власта се вклучени во подолните одговори

П. Дали во Даребин е дозволено палење оган?

О. Палењето на било каков оган (освен за готвење) на отворено не е дозволено во општина Даребин. За да пријавите такви појави, јавете се на (03) 8470 8888.

П. Какви се прописите за готвење на отворено во денови кога важи целосна забрана за палење оган?

О. За прописите во врска со деновите кога важи целосна забрана за палење оган погледнете го местото на интернет на MFB www.mfb.vic.gov.au

П. Смеам ли да паркирам на тревниот појас покрај улицата?

Паркирањето на коли, приколки, чамци или други возила на тревниот појас покрај улицата или во тревните површини не е дозволено. Паркирајте на вашиот имот или на улицата покрај тревникот.

Повеќе информации

Телефон: (03) 8470 8888
Електронска пошта: locallaw@darebin.vic.gov.au

Градење - Building

Read on +
Градење

П. Што е тоа градежна дозвола?

О. Градежната дозвола е законски документ што ви дава одобрение да изведувате градежни работи и/или да уривате градби. Градежните дозволи осигуруваат дека градежните работи се во согласност со градежните прописи и со другите закони. Тие стандарди се воспоставени за да ги заштитат безбедноста и здравјето на општата јавност и на луѓето што ги користат градбите

П. Кога ми е потребна градежна дозвола?

О. Општо земено, градежна дозвола ви е потребна за било каква градежна работа или за уривање на градби во Даребин. Во некои случаи може да не ви е потребна градежна дозвола. Пред да почнете со било каква градежна работа, измени, доградби, или уривање, јавете се во Одделението за градежни работи (Building Services Unit) при Општината на (03) 8470 8899 или кај приватен градежен надзорник за да дознаете дали ви е потребна дозвола.

Ве молиме запомнете дека не ви е дозвлено да почнете било каква градежна работа на земјиштето без важечка Дозвола за заштита на имотот (Asset Protection Permit). За повеќе поединости видете во Заштита на имотот.

П. Каде се вади градежна дозвола?

О. Градежна дозвола може да добиете од секоја Општина или од приватен градежен надзорник што е регистриран во Одборот на градежници (Building Practitioners Board). Посетете го www.buildingcommission.com.au или јавете се на 1300 815 127.

П. Како да извадам градежна дозвола?

О. Мора да испратите пополнет формулар за поднесување барање и други поединости како што се работниот проект, најнов примерок од имотниот лист, и потврда за платена такса. Колку повеќе податоци ќе приложите со вашето барање, толку побрзо ќе заврши постапката.

Појдете на Градежни дозволи, формулари и барања за примерок од формуларот за поднесување барање.

П. Колку долго важи градежната дозвола?

О. Градежната дозвола за живеалиште важи 2 години, а за комерцијални градби важи 3 години. Запомнете, вашата дозвола ќе истече ако не ја повикате првата градежна инспекција во текот на првите 12 месеци откако ви била издадена дозволата.

Тоа време може да биде продолжено ако поднесете барање до вашиот градежен надзорник пред да ви истече дозволата.

П. Може ли да поднесам барање за измена на стандардните прописи?

О. Да, може да поднесете барање за Извештај и согласност од Општината за менување на стандардните прописи. На пример, може да поднесете барање да изградите предна ограда што ќе биде повисока од онаа што е дозволена со прописите. Општината е единствениот надлежен орган што може да ги одобри таквите барања. Ве молиме запомнете, тоа што сте поднеле барање не значи дека автоматски ќе ви биде дадено одобрение од Општината. Барањата што Општината ќе ги одбие може да се обжалат до Одборот за обжалување во градежништвото (Building Appeals Board).

Симнете го од интернет Градежни дозволи, формулари и барања за нашиот информативен лист „Услови што треба да ги исполнува локацијата“.

П. Што ако немам градежна дозвола?

О. Ако не извадите градежна дозвола пред да почнете со градежните работи, тоа може да доведе до издавање на Градежно известување (Building Notice) или Градежен налог (Building Order) и да бидете парично казнети од страна на Општината. Освен тоа, можеби ќе треба да се приспособите кон Градежните прописи и да урнете некоја веќе изградена а неодобрена градба, или пак да извршите дополнителни градежни работи што ќе доведат до зголемени трошоци за да ги исполните градежните прописи.

П. Дали ми е потребен апарат за откривање на чад?

О. Апаратот за откривање на чад може да спречи смртни случаи и обемни штети на имотот со тоа што ќе ве предупреди дека има пожар.

Сите станбени градби, вклучувајќи ги и куќите, мора да имаат поставени апарати за откривање на чад. Оние што нема да се придржуваат кон Градежните прописи може да бидат казнети, вклучувајќи и парични казни.

П. Дали ми е потребна заштитна ограда околу базен или околу спа када?

О. Сите сопственици на базени за пливање и на спа кади мора да постават заштитна ограда и/или да преземат други одобрени мерки за да ги спречат малите деца да пријдат до базенот или до спа кадата без надзор.

Сопствениците мора да добијат Градежна дозвола пред да го изградат базенот или спа кадата и задолжителната заштитна ограда

Симнете го од интернет Градежни дозволи, формулари и барања за нашиот информативен лист „Заштитни огради за базени и спа кади“.

П. Каде да се јавам за натамошни информации?

Може да се јавите во Одделението за градежни работи при општина Даребин на (03) 8470 8899 или во Градежната комисија на 1300 815 127.

БИБЛИОТЕКИ - Libraries

Read on +
БИБЛИОТЕКИ

П. Колку библиотеки има во Даребин и каде се наоѓаат?

Општина Даребин управува со четири библиотеки:

Preston Library







266 Gower St







PRESTON VIC 3072







Melway Reference: 18 H12

Northcote Library







32-38 Separation St







NORTHCOTE VIC 3070







Melway Reference: 30 F8

Reservoir Library







21 Edward St







RESERVOIR VIC 3073







Melway Reference: 18 G5

Fairfield Library







121 Station St







FAIRFIELD VIC 3070







Melway Reference: 30 K10

П. Како да се јавам во библиотеката?

О. Општи информации: 1300 655 355

Места на интернет:







www.darebinlibraries.vic.gov.au







www.spongeclub.com

На барање може да се добие услуга од преведувач.

П.  Како да се зачленам во библиотеката и кои се условите за позајмување?

О.  Зачленувањето во библиотека во Даребин е бесплатно.

За да се зачлените во библиотека како полноправен член, треба да донесете документ од кој ќе може да се види дека вие сте тоа лице за кое се претставувате и на кој се прикажани вашето име и тековна адреса, на пример, возачка дозвола, сметка или извод од банка.

Откако ќе станете полноправен член на библиотеките во Даребин, може да позајмите најмногу до 40 работи за време од 3 недели, и да имате пристап до други производи и услуги, на пример, до бесплатно користење на интернет.

Ако сте посетител од друга австралиска држава или од странство и немате постојана адреса во Викторија, сепак може да се зачлените како краткорочен член. За да се зачлените, ќе треба да приложите документ од кој ќе може да се види дека вие сте тоа лице за кое се претставувате и на кој се прикажани вашето име и тековната адреса во странство или во друга австралиска држава.

Краткорочните членови може да позајмат најмногу до 5 работи за време од 3 недели, и да имаат пристап до други работи и услуги, на пример, до бесплатно користење на интернет. Краткорочното членство престанува да важи по еден месец.

П.  Кои јазици ги држат библиотеките во Даребин?

О.  Библиотеките во Даребин држат книги, списанија, видеа, компакт-дискови и ДВД дискови на арапски, кинески, грчки, италијански и виетнамски јазик.

Работите на виетнамски и кинески јазик се чуваат во библиотеката во Престон.

Работите на италијански и арапски јазик се чуват во библиотеката во Резервоар.

Работите на грчки и на италијански јазик се чуваат во библиотеката во Норкот.

П. Што нуди библиотеката?

О.  Библиотеките нудат:

  • Книги
  • Списанија
  • Весници
  • Сликовници
  • Книги печатени со крупни букви
  • Компакт-дискови
  • ДВД дискови
  • Звучни книги (звучни книги што може да се добијат на компакт-диск или да се симнат од интернет)
  • Производи и услуги за информирање и упатување
  • Информативни материјали за упатување на интернет
  • Простории за состаноци што може да се изнајмуваат во библиотеките во Норкот и во Престон.
  • Пристап до интернет и бесплатен WiFi (само за членовите)
  • Служба за испорака на книги дома
  • Разновидни програми и приредби. За да дознаете повеќе, посетете го www.darebinlibraries.vic.gov.au

Сродни врски

  • Библиотеки во Даребин
  • Библиотечни приредби
  • Каталог на интернет
  • Местоположба и работно време

Општински услуги – за луѓе со онеспособеност и за нивните негуватели - Disability Services

Read on +
Општински услуги – за луѓе со онеспособеност и за нивните негуватели
П. Какви услуги може да добијат луѓето со онеспособеност и нивните семејства?

Општината има низа разновидни услуги и поддршки за луѓето на кои им е потребна извесна помош во домот или за да имаат пристап до заедницата, вклучувајќи:

  • Услуги за поддршка во домот
  • Службеник за поврзување за луѓе од абориџинско потекло
  • Услуги за семејствата и децата
  • Услуги за млади, вклучувајќи ги Northland Youth Centre (Центар за млади Нортленд) и Darebin Youth Resource Centre (Информативен центар за млади во Даребин)
Повеќе информации може да добиете ако телефонирате на 8470 8888

П. Како да добијам помош во домот?

О.
Јавете се во Службата за постари и онеспособени лица (Aged and Disability Services) на (03) 8470 8828. Погледнете ги неодамна обновените информации
Подоцна ќе ви се јави член на персоналот кој ќе закаже термин за да ве посети во вашиот дом за да оцени дали ги исполнувате условите и да ви објасни какви услуги може да пружи Општината.

За сите прашања обратете се до Тимот за информирање и упатување (Information and Referral Team) на (03) 8470 8828. Може да добиете помош од преведувач ако се јавите на Повеќејазичната телефонска линија на (03) 8470 8470 или во TTY службата (за лица со оштетен слух) на (03) 8470 8696.

П. Какви услуги во врска со душевното здравје може да се добијат?


О. Ако вам или на некое лице за кое се грижите ви се потребни информации или совети во врска со душевното здравје, јавете се на Советодавната телефонска линија за душевно здравје на 1300 280 737, нова 24-часовна телефонска информативна служба што може да се добие ширум целата држава.

За да ги поддржи жителите на Даребин во нивниот пристап до информации, совети и упати во врска со душевното здравје и со локалниот систем за душевно здравје, Општината израбти џебна книшка Водач за службите за поддршка во врска со душевното здравје во Даребин
За повеќе информации јавете се во Општината на (03) 8470 8888
П. Може ли Општината да ми помогне да добијам пристап до програмите и активностите во заедницата?
О. За информации во врска со активностите во заедницата и активностите за дружење во Даребин, јавете се кај Службеникот за пристап до градот (МetroAccess Officer) во Даребин на (03) 8470 8368. 

За информации во врска со можностите за спортување, забава и разонода во Даребин, јавете се кај Координаторот на програмата Пристап за луѓе со најразлични способности во Даребин на (03) 8470 8396.

Ако сте лице со онеспособеност на возраст од 18 до 65 години и уште живеете дома, може да добиете помош од Службеникот за забава и разонода во заедницата во Даребин, кој ќе ве поврзе со услугите и активностите што ве интересираат. Јавете се кај  Службеникот на (03) 8470 8308.

П. Има ли во Даребин пристапни детски игралишта за децата со онеспособеност и за нивните негуватели?

О. Информации за пристапните детски игралишта може да се најдат на Darebin Community Portal под Пристапни детски игралишта. Информации во врска со планирањето на Општината на пристапни детски игралишта може да се најдат во Стратегијата на Даребин за детски игралишта, под Пристап за луѓе со онеспособеност. Видете во Детски игралишта и паркови за возење скејтборд

П: Каква поддршка може да добијат децата од културно и јазично различни потекла во опкружувања погодни за раното детство? 

О.
Теренскиот службеник за деца од претшколска возраст им помага на децата во финансираните забавишни програми
  • Со онеспособеност или со доцнење во развојот – од деца со мало заостанување во говорот или со несоодветно однесување, до деца со повеќекратна онеспособеност
  • Со дополнителни потреби од културно и јазично различни потекла
  • Со абориџинско потекло и со потекло од островите Торес Стреит
  • Што искусиле некоја тешка доживелица (траума)
П. Каква поддршка може да добијат луѓето со деменција во Даребин? 

О. Погледнете ги неодамна обновените информации  

П. Како да добијам дозвола за паркирање на паркинг за онеспособени лица и кои се правилата за нејзиното користење?

Сите информации во врска со дозволите за паркирање за онеспособени лица може да се најдат во Често поставувани прашања во врска со дозволите за паркирање. П. Како може да добијам примероци од документите во друга форма?

О. Сите општински документи на барање може да се добијат во други форми. Тие форми опфаќаат документи печатени со крупни букви, електронски (ЦД или електронска пошта), снимени звучни описи, документи на други јазици и документи печатени на хартија. 
Ако сакате да добиете некој општински документ во поинаква форма, ве молиме јавете се во Службата за услуги на клиентите на (03) 8470 8888. 
П. Како може да се пожалам ако општина Даребин спрема мене се однесувала неправедно поради мојата онеспособеност?

О. Ако не сте задоволни од некоја услуга што ви ја пружила Општината, може да се пожалите така што ќе поразговарате со нас лично, по телефон, со писмо, со телефакс, со електронска порака или преку интернет. Ако не сте сигурни со кое одделение треба да зборувате, телефонирајте во Центарот за услуги на клиентите во Даребин

Ако уште не сте добиле одговор на вашата поплака, може да се јавите кај Службеникот за планирање за онеспособени лица за совет и натамошна помош на (03) 8470 8888

П. Кои попусти ги прифаќа Општината?

Ве молиме погледнете на местата на интернет за повеќе поединости или телефонирајте во Службата за услуги на клиентите во Даребин на (03) 8470 8888 за да дознаете на кои места во Даребин може да се користи попустот.

Општински данок - Rates

Read on +
Општински данок

П. Што е тоа општински данок?

Општински данок е годишен данок што го наплаќа Општината. Износот што го плаќа секое домаќинство зависи од проценетата вредност на имотот.

П. Како се користи општинскиот данок што го плаќам?

О. Општината ги користи парите од општинскиот данок за да плати за локалните услуги, вклучувајќи собирање на ѓубрето, улично осветление, чистење на улиците, паркови, библиотеки, локални патишта, пешачки патеки, одводи, служби за итни случаи, услуги за нега во домот и заедницата.

За повеќе информации ве молиме посетете го Постапка за плаќање општински данок

П. Ако не сум го добил/добила моето известување за плаќање општински данок, може ли да добијам примерок од него?

О. Ве молиме јавете се во Општината на (03) 8470 8888 за да ги потврдите поединостите за вашата поштенска адреса и сопственост. Откако ќе бидат потврдени сите поединости, ќе може да побарате одново да ви се издаде известување за плаќање општински данок.

П. Како може да го платам општинскиот данок?

О.  Сите лица што плаќаат општински данок ги имаат следните можности за плаќање во готово, со чек, со кредитна картичка или со платежна картичка:

  • По телефон на:  1300 954 297
  • Преку интернет:  Плаќања преку интернет
  • Во било која канцеларија на Australia Post
  • По пошта
  • Лично во било кој Центар за услуги на клиентите во Даребин
  • Општината исто така нуди и можност за директно наплаќање од банковна сметка или на четири рати или на 10 месечни рати. За натамошни информации во врска со директното наплаќање од банковна сметка појдете на Постапка за плаќање општински данок

Повеќе подробности во врска со плаќањето може да најдете на вашето известување за плаќање општински данок (Rate Notice).

П. Имам ли право на попуст (намалување) на општинскиот данок?

О. Ако имате тековна Пензионерска картичка за попусти (Pension Concession Card),  Златна картичка од Одделот за ветерански работи за целосна или трајна онеспособеност (Department of Veteran Affairs Gold Repatriation Health Card – Totally or Permanently Incapacitated) или пак Златна картичка од Одделот за ветерански работи за воени вдовици  (DVA Gold Repatriation Health Card – Ward Widow), и ако живеете на имотот наведен на известувањето за плаќање општински данок, можеби имате право на попуст.

Ако ги исполнувате условите и ако претходно сте поднеле барање, автоматски ќе добивате попуст секоја година. Ако не е пресметан попустот, или ако не сте поднеле барање, ве молиме донесете ги вашето известување за плаќање општински данок и картичката за попусти во некој Центар за услуги на клиентите во Даребин за да бидат направени потребните промени.

Ви напоменуваме дека лицата што имаат здравствена картичка (Health Care Card) немаат право на овој попуст.

За повеќе информации, ве молиме појдете на Постапка за плаќање општински данок